Во последните неколку часа во јавноста излегуваат се повеќе информации за убиството на лидерот на Хезболах Хасан Насралах!Некои медиуми се фокусираат на тоа како бил неутрализиран водачот на милитантите, други пишуваат за употребените бомби, а други се шокирани од огромната експлозија која уништи неколку згради во Бејрут за време на израелските воздушни напади.
Израелската армија официјално потврди дека со години собирала информации за Хасан Насралах, додека израелскиот новинар Амишаи Стајн, повикувајќи се на ТВ каналот Ал Хадат од Саудиска Арабија, објави шокантни детали за тоа како Израелците стигнале до скривалиштето на лидерот на Хезболах.
– На човекот кој се сретна со Насралах му беше извалкана раката со супстанца која Израел можеше да ја открие. Така се потврди дека Насралах е во засолништето – вели израелскиот новинар Амишаи Стајн.
Портпаролот на израелската армија, генерал-полковник Надав Шошани, да потсетиме, рече дека операцијата наречена „Нов поредок“ била започната во петокот додека Насралах се сретнал со високи претставници на Хезболах.
– Имавме разузнавачки информации во реално време, можност, оперативна можност што ни овозможи да го извршиме нападот – изјави Шоашани на новинарите.
Израелското воено радио објави, повикувајќи се на шефот на ескадрилата на воздухопловните сили што ја презеде операцијата, дека пилотите биле информирани за целта непосредно пред полетувањето.
– Пилотите не знаеле која била целта во деновите кога бил планиран нападот – рекол неименуваниот офицер на ИД, додавајќи дека информацијата ја добиле неколку часа пред да полетаат за Либан.
Шошани одби да ги коментира шпекулациите дека во нападот можеби биле користени тешки бомби Марк 84 од американско производство.Бригадниот генерал Амишаи Левин, командант на воздухопловната база Хаџерим, изјави за новинарите дека десетици проектили ја погодиле целта за неколку секунди.
Но, во нападот е убиен и Караки, кој е шеф на силите на Хезболах на јужниот фронт.
– За Насралах собираме информации веќе неколку години. Со децении собиравме разузнавачки информации знаејќи дека во одреден момент тој ќе се обиде да започне војна. Имавме информации во реално време и го извршивме нападот – прецизира Шошани.
Пронајдете не на следниве мрежи: