Да се пронајде одговорот за идеалната поза за спиење често пати е невозможна мисија, па неретко се случува со часови да се превртуваме во кревет. Новите истражувања, откриваат кои се најдобрите, а кои се најлошите пози за спиење, а кои влијаат на квалитетот на сонот.
Да ја тргнеме настрана причината поради која еден човек преферира една положба повеќе од друга, она што е најважно е дека самите пози имаат влијание врз Вашето здравје. Бидејќи минимум ние луѓето минуваме околу шест часа во спиење навистина е важно во каква положба ги минуваме тие часови. Најздраво е да се спие свртен на грб, под услов да не спиете на повеќе перници и да не ‘рчите.
Препознајте која е вашата препознатлива положба во која спиете и откријте какво влијание имаа таа на Вашето здравје.
1. Спиење на стомак
Спиењето на стомак може да го подобри варењето на дигестивниот систем, но овој тип на спиење се препорачува само доколку умеете правилно да дишете. Во спротивно, спиењето со главата свртена на левата или десната страна ќе ја направи поотпуштена страната на која спиете, брчките ќе се појават предвреме, а Вашиот врат ќе трпи притисок во текот на целата ноќ. Положбата на главата додека спиете на стомак може да предизвика болка во грбот. Но, доколку не ‘рчите и не сте почувствувале болка во вратот и грбот, можете слободно да спиете во оваа положба.
2. Фетус
Оваа положба на спиење е најпопуларна и ја практикуваат околу 60% од луѓето. Недостатокот на оваа положба е што заради свитканите колена и глава му штетите на ‘рбетот. Но, се смета дека е добро да спиете во оваа поза ако имате проблеми со ‘рчењето, а се препорачува и за трудници. Тренерот за спиење Елина Винел препорачува дека таканаречената фетусна поза треба да се избегнува, затоа што е штетна за здравјето.
“Доколку спиеме во оваа положба, на телото му праќаме порака дека се бориме против нешто“, рекла таа.
3. Спиење странично со рацете поставени покрај телото
Оваа положба му дава најдобра потпора на ‘рбетот, бидејќи на тој начин тој останува во правилна положба. Луѓето кои спијат во оваа положба речиси немаат проблеми со грбот и помали се шансите да се соочат со прекин во дишењето.
4. Војник
Спиењето на грб со рацете спружени покрај телото е најдобра положба за телото во поглед на грбот и вратот, но под услов да не спиете на премногу висока перница. Недостатокот на оваа положба е ‘рчењето.
5. Морска ѕвезда
Во оваа положба човекот спие на грб со раширени раце без разлика дали ги става над перница или околу телото. Оваа положба е одлична за грбот, но го има истиот недостаток како положбата „војник“ бидејќи го поттикнува ‘рчењето, а доколку ги ставате рацете над Вашата глава може да си предизвикате болка во рамената.