Денес се укинва вонредната состојба во Србија, па естрадните уметници ќе може да се вратат на своите професионални обврски. Изминатите два месеци тие беа во изолација во своите домови, а професионалната работа ја заменија со готвење во кујна.
Седењето дома има свои предности и недостатоци, па пејачките покрај тоа што се опуштија и уживаа без шминка, гламур и високи потпетици, тие се здобија и по некој килограм плус.
Наташа Беквалац
Наташа на шеговит начин на „Инстаграм“ објасни дека се здебелила 7 килограми.
„Првпат облеков фармерки, цело време носев пижами и се соочив со суровата реалност дека сум се здебелила 7кг“, напиша Наташа
Лепа Брена
Фолк дивата истакна дека во времето на карантин се посветила на готвењето.
Таа на социјалните мрежи често објавува разни специјалитети кои ги приготвува во својата вила. Оние кои ја познаваат велат дека Брена се здебелила за околу 3 килограми.
Тања Савиќ
Тања Савиќ времето во карантин го поминува кај својата мајка, а во емисијата „Премиера“ истакна дека има плус килограми.
„Може да кажам дека малку се здебелив, но жена како жена секогаш може да биде послаба. Сите ми готват“ вели пејачката која сега има 4 килограми плус.
Северина Којиќ
Северина како и Наташа се здебелила за 7 килограми, а за тоа ја обвини свекрвата Оља.
„Јас се здебелив 7кг, а тоа е добра вест за мама и за сите кои велеа дека сум слаба“ напиша Севе на „Инстаграм“.
Ана Севиќ
Ана Севиќ за медиумите вели дека само нешто јаде.
„Оваа зима многу ослабев. Но, карантинот ме врза за фрижидерот и често се шегувам дека мојот фрижидер има најмногу прегледи“ вели пејачката.
Сања Ѓорѓевиќ Сања Ѓорѓевиќ за курир.рс вели дека добро се држела за време на Велигденскиот пост, но потоа се здебелила.
„Додека постев не се здебелив, но сега имам плус 3 килограми. Замислете да не постев. Тренирав и работев во градината, но тоа на нервна база, без обврски. Навикнав да јадам и никако да престанам. Уште малку ќе почнам со долги прошетки“ вели Сања.