Еве што се ќе им биде конфискувано на Катица Јанева и Боки 13

Конфискација на предмети и на пари на осудените Катица Јанева и Бојан Јовановски, определи денеска судијката Васка Николовска-Масевска при изрекување на пресудата во случајот „Рекет“.
Како што беше речено, на Боки 13 му се конфискува облеката од скапи брендови, што му беше одземена од страна на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во истрагата, како и повеќе уметнички слики, мебел и сè што му е стекнато со пуштањето во оптек на парите од земениот рекет.


На Јанева, пак, ќе ѝ бидат конфискувани 50.000 евра, а ако нема пари на сметките, ќе бидат присвоени лични предмети или недвижнини во износот со кривичното дело.
Денеска Кривичниот суд, Скопје на Јанева и Јовановски им изрече затворски казни во траење од 7 и 9 години.
По соопштување на првостепените затворски казни, обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска за двајцата побара продолжување на мерките притвор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.