ЕВЕ ШТО ШПИУНИРАЛЕ КИНЕЗИТЕ СО БАЛОНОТ: ПЕНТАГОН ОБЈАВИ КОИ БИЛЕ ЦЕЛИТЕ

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин потврди дека американската војска, по наредба на претседателот Џо Бајден, собори кинески балон во саботата.

Остин наведува дека кинескиот БАЛОН бил користен за следење на американските стратешки објекти.

ДОКОЛКУ ПРОПУШТИВТЕ ПРЕТХОДНО ПОВЕЌЕ НА ТЕМАТА ⬆⬆⬆
ЕВЕ ШТО ШПИУНИРАЛЕ КИНЕЗИТЕ СО БАЛОНОТ: ПЕНТАГОН ОБЈАВИ КОИ БИЛЕ ЦЕЛИТЕ

– Попладнево по наредба на претседателот Бајден, американски борбен авион успешно собори балон на голема височина, во воздушниот простор над брегот на Јужна Каролина – изјави шефот на Пентагон.

Како што забележа Остин, „балонот се користеше за следење на стратешките објекти лоцирани во континенталниот дел на САД“.

Според него, Бајден побарал балонот да биде соборен, но да се избегне ризикот за цивилното население.

Во согласност со претседателскиот декрет, Министерството за одбрана разви опција за безбедно уништување на балонот, притоа внимателно следејќи ја неговата траекторија и активност, додаде американскиот министер за одбрана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.