ЕВРОПА МОРА ИТНО ДА СЕ ПОДГОТВИ Шефот на белгиската армија: Следните цели на Русија би можеле да бидат Молдавија и Балтикот

По Украина, следните цели на Русија би можеле да бидат Молдавија и балтичките земји, а Европа мора да се подготви и да стави до знаење дека може да се брани, предупреди началникот на Генералштабот на Белгиската армија Мишел Хофман.

Вардар: Фрлаа со топовски удари кон нас, ни ја нападнаа управата, го повредија судијата…
Фудбалскиот спектакл во Кавадарци заврши со победа на Вардар од 1-0 против Тиквеш, но мечот имаше и „трето полувреме“ во кое беа нападнати членови на стручниот штаб на скопскиот гигант. Додека …
ОН: Овие злосторства мора да престанат
Водечките претставници на Обединетите нации бараат „запирање на ужасното човечко страдање и хуманитарната катастрофа“ во Појасот Газа, речиси една година по почетокот на војната меѓу Израел и палестинската група Хамас. „Овие …

Хофман изјави за белгискиот весник “VRT” за време на посетата на белгиските војници стационирани во Романија, дека Русија веќе покажа „дека има волја да го нападне својот сосед“.

Хофман изјави дека говорот на рускиот претседател Владимир Путин секогаш е двосмислен и дека е „апсолутно можно тој да има други идеи подоцна”. .

“Европа мора да го соопшти тоа!”– Европа мора итно да се подготви и јасно да стави до знаење дека може да се брани и дека ќе возврати ако е потребно – изјави Хофман, а пренесува бриселскиот портал „Политико“.

Според него, дури и ако руските сили се чини дека моментално се ослабени поради тековната војна против Украина, оваа слабост е „привремена“ ;.

– Ако Русија победи во војната, на крајот ќе ја обнови воената машина и нејзините вооружени сили – предупреди Хофман.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.