Еден загинат и десетина повредени во судар на комби и автобус близу Ново село

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчера вечерта околу 20:20 часот кај село Мамутчево на магистралниот пат Велес – Штип кај приклучокот за Ново село се судриле комби и автобус. Како што информираше Верољуб Додевски од СВР Велес, има еден загинат и повеќе повредени кои со возила на брза помош се пренесени во Општата болница во Велес.
Во моментот на несреќата 15 патници биле во автобусот кој се движел во правец кон Штип. Неофицијално автобусот имал кратовски регистарски таблички, а патниците оделе на одмор во Бугарија.
Со автобусот директно се судрило товарно комби со скопски ознаки. Загинатиот е возачот на комбито во кое немало други патници. Повредени има десетина лица кои со возила на брза помош се пренесени на хируршкото одделение на велешката болница, а помагала и противпожарната единица.

 

Loading...