Се здобил со изгореници на 75 отсто од телото откако се обидел да отвори кесичка со чипс

Во близина биле пронајдени работници кои зеле црево и го изгаснале пламенот

Неименуван жител на Далтон, Џорџија завршил во болница со изгореници на 75% од телото откако се обидел да отвори кесичка со чипс.

Бидејќи не успеа на класичен начин, посегна по запалката , што се покажа како голема грешка.

Медведев повторно се заканува: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна
Директен конфликт меѓу Русија и САД, доколку се случи, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува Танјуг.Скапо е да се бориш со …
Курсна листа на НБРМ: Еве колку чинат валутите денес?
Согласно курсната листа на НБРМ, денеска средниот курс на еврото е 61.4910 денари, американскиот долар вреди 59.1203 денари, додека британската фунта е 73.9314 денари.

„Откако ја зеде запалката, случајно се запали во неговата фотелја “, рече еден од водачите на градот, Брус Фрејзер.

Во близина имало работници кои земале црево и го изгаснале пламенот, а несреќниот 75-годишник бил пренесен во болница, пренесува Метро .

Останува нејасно дали чиповите го предизвикале пламенот или нешто друго е причината, пишува New York Post.

Локалните медиуми потсетуваат на инцидент од 2016 година, кога двајца тинејџери влегле во маркет во Онтарио и запалиле вреќа со чипс на полицата.

Еден од очевидците раскажал како пожарот се проширил екстремно брзо, а штетата на продавницата била проценета на два милиони долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.