Една од туристките морала да плати казна од 250 евра поради тоа што се сончала во бикини. Венеција се соочува со многу проблеми поради големиот број на несовесни туристи.
Така една 22-годишна девојка од Канада одлучила да се соблече во бикини во паркот Пападоли, недалеку од центарот на Рим. Полицијата ѝ наплатила казна од 250 евра.
Поради проблемот со бројот на туристи во Венеција има разни казни. Не е дозволено да се прави пикник на јавни површини како и носење на бикини додека го разгледувате градот.
„Забрането е да се шетате во јавност по бикини или пак со голи гради“.
Фрлањето ѓубре, загадувањето, задржување на луѓето на мостовите или скокање по каналите исто така се казнува според закон со казни во висина од 25 до 500 евра.
Градот исто така забрани седење или лежење на скалите на мостовите или пак на влезот од историските споменици и пред излозите на продавниците. Тој кој што вози велосипед по улиците на кои има многу луѓе исто така ќе биде казнет. Овие акции се дел од компанијата „Enjoy Respect Venezia“.
Венеција веројатно е најпопуларниот град меѓу туристите кога станува збор за јадранскиот дел од Италија. Овој единствен град со канали и богата историја која ја претставува автентичноста на Италија, привлекува голем број на туристи кои му штетат на овој град.
Градските власти работат на формирање на такси кои што туристите ќе мора да ги платат најверојатно веќе од септември. Туристите кои ќе сакаат да ја посетат Венеција ќе мора да платат 3 евра надвор од сезоната, 8 евра во текот на сезоната и 10 евра во текот на најпосетуваните денови како што се викендите и во текот на летото.