Едита призна дека ги намалила усните: Сега повеќе се смеам

Пејачката Едита Арадиновиќ неодамна отишла под нож за да ги намали усните.
Таа открила дека конечно сфатила дека имплантите не ја прават среќна, а поради нив помалку се смее.
-Дојдов до една ситуација во која претерав и веќе не си се допаѓав. Тогаш се прашав зошто сум сакала да имам поголеми усни, дали сум поради тоа попривлечна? Тоа е всушност најголемата илузија, на нас девојките кои длабоко во душата сме несреќни поради други работи, изјавила Едита за „Блиц“.
Таа додава дека откако ги намалила усните постојано се смее и се гледа во огледало. Вели дека се чувствува како да си го вратила стариот изглед.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.