Една чаша солена вода го опоравува целото тело

Совршена кожа, лесен сон, а подуеноста ќе остане само лош спомен од минатото.
Добротворноста на водата со лимон или јаболков оцет е многу позната. Наместо овие два напитоци, во последно време луѓето повеќе се ориентираат кон новата – солена вода.
Често слушаме за тоа како солта во големи количини е лоша за нашето здравје, но ретко се зборува за нејзината добротворност и позитивното влијание на организмот.
Поточно, комбинацијата од чиста морска сол и вода како дел од редовната исхрана може да го регенерира нашиот организам благодарејќи на минералите кои ги содржи овој напиток со големи нутритивни вредности.
Измешајте 3 децилитри вода со еден мал прстофат сол и испијте ја за појадок или во текот на денот. Во прилог прочитајте ги ефектите на солената вода:


1. Правилна хидратација
Познато е дека може да испиете и премногу вода и во тој случај во организмот доаѓа до недостаток од натриум, што води до хипонатремија. Солта истовремено му помага на телото да ја апсорбира водата и да го одржува балансот на сол во организмот.
2. Детоксификација
Солената вода содржи минерали кои помагаат при природната детоксификација а телото и ги исфрла штетните токсини. Исто така има и антибактериски својства.
3. Дигестија
Солта ги активира жлездите во устата кои потоа испуштаат протеин кој помага во правилно разградување на храната и така го олеснува процесот на варење на храната и работата на цревата. Со овој напиток подуеноста ќе остане само лош спомен.
4. Сон
За оние кои стардаат од несоница, солената вода може да стане решение за нивниот проблем. Природните минерали во солта го смируваат телото и нервниот систем. Го намалуваат нивото на кортизол во телото, таканаречениот хормон на стресот кој често не ни дозволува да заспиеме.
5. Кожа
Сите посакуваме да имаме здрава и убава кожа, а за тоа може да ни помогнат минералите кои ги содржи солта. Тие ги редуцираат акните, помагаат при разни видови на осип и ја одржуваат кожата мазна и чиста. Повеќето луѓе од прва рака може да потврдат дека морската вода одлично делува на кожата, а солената вода може одвнатре да помогне при регенерирање на истата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.