„Појадокот е исклучително важен“. Ова се зборови кои често ги слушаме, но секогаш се прашуваме колку е тоа точно. Вистината е дека предностите на појадокот, т.е. здравиот појадок се огромни, иако многумина од нас го прескокнуваат и ја потценуават неговата важност.
Ви претставуваме еден брз рецепт за појадок со тортиља.
Потребни намирници
1 јајце
4 парчиња кулен (или повеќе)
Сол по вкус
Подготовка
Тавата за палачинки малку подмачкајте ја и ставете ја да се загрее. Потоа посолете го јајцето и изматете го. Наредете го куленот на тавата, па истурете го изматеното јајце и рамномерно распоредете. Одозгора се става тортиљата и нежно се притиска со раката за убаво да се залепи јајцето, па се пржи 2 минути. Потоа со шпатула превртете и оставете половина минута да се потпече тортиљата.
И тоа е тоа!
Уживајте.