Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт 



Од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори

Едно лице починало, а друго се бори за живот во Клиничката болница – Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила во лифт во угостителски објект во Штип.

Според првичните информации, починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата. 

Повеќе детали околу несреќата засега нема.

Од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: