„Никогаш не одете во кревет лути“ и „Насмевката е најдобриот лек“ се само некои од советите кои наводно гарантираат среќна и стабилна врска. Но, дали навистина делуваат? Еден експерт за брак кој повеќе од 40 години се занимава со проучување на врските и браковите, тврди дека ја пронашол формулата за вечна љубов.
Формулата за љубовна среќа лежи во размерот 5:1. Барем така тврди доктор Џон Готман, светски признат експерт за брак и професор по психологија на Универзитетот во Вашингтон.
Готман вели: „Се додека во врската има повеќе позитивни интеракции пропорционално споредени со негативните интеракции, врската има повеќе шанси да биде стабилна.“ Позитивните интеракции можат да бидат и ситници како на пример насмевка и прегратка, поставување прашања и изјави на љубов, додека под негативни интеракции се подразбираат работи како на пример кавги и критики.
Според Готман, ако направите нешто негативно со коешто сте ги повредиле чувствата на партнерот, морате да му се оддолжите со 5 позитивни работи. Заклучокот е дека иако за стабилноста на врската е потребна мала количина негативност, сепак позитивноста е тоа што ја одржува врската.
Готман препорачува дека помеѓу останатото, паровите треба почесто да си изразуваат благодарност. „Партнерите секојдневно би требало да си изразуваат благодарност и почит, а тоа сите понекогаш забораваме да го направиме.“