ЕКСПЛОДИРАШЕ РУСКО СКЛАДИШТЕ НА НАФТА НАПАДНАТО ОД ДРОН: Илјадници тони гориво горат (ВИДЕО)

Утрово експлодираше складиште за нафта во Русија по напад со беспилотно летало за кој се верува дека бил организиран од Украина.

ЕКСПЛОДИРАШЕ РУСКО СКЛАДИШТЕ НА НАФТА НАПАДНАТО ОД ДРОН: Илјадници тони гориво горат (ВИДЕО)

Три цистерни со илјадници тони дизел гориво се запалија околу 6 часот по локално време на локацијата во Брјанск, руски регион кој граничи со Украина на север.

Пожарот избувнал откако дрон фрлил експлозив во еден од резервоарите за гориво, јавуваат руските медиуми. Во нападот нема повредени, пренесува Дејли Мејл.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.