Експлозивна направа е фрлена попладнево кон вратата на синагога во германскиот град Олденбург, соопшти локалната полиција.
„Благодарение на брзата интервенција спречено е ширење на пожарот, така што не е причинета поголема штета на објектот. Противпожарните сили веќе не се потребни за гаснење на пожарот“, наведуваат од полицијата, пренесува порталот „Олденбургер онлајн цајтунг“.
Во пожарот, како што се посочува, нема повредени, а во синагогата во моментот на инцидентот немало никакво случување. Полицијата соопшти дека е отворена истрага за инцидентот.
„Ќе го искористиме овој напад како можност веднаш да ги зголемиме безбедносните мерки во синагогата во Олденбург додека не се разјаснат околностите на прекршокот“, изјави шефот на полицијата во Олденбург, Андреас Сагехорн.