Силна експлозија одекна доцна синоќа во трговскиот центар “Мавровка“ во Скопје. Повредени нема, но причинета е материјална штета кај неколку локали. Како што дознава “Алсат“, во трговскиот биле поставени две експлозивни направи, но само едната се активирала. По интервенција на полицијата другиот експлозивен уред бил деактивиран. Првичните инвормации откриваат дека мотивот за нападот е поврзан со минатото на сопственикот на кафе “Фонтана”.
Полицијата работи на собирање оперативни информации и расчистување на случајот.