Шпанската кралица успеала да внесе доза на разиграност и забава во овој сериозен стил.
Шпанскиот крал Фелипе VI со сопругата Летиција присуствувале на отворање на Меѓународниот саем за трговија во Мадрид пред неколку денови.
Кралицата Летиција од Шпанија, позната по својот исклучителен стил, ниту овојпат не ги разочарала модните критичари и фанови на нејзиниот стил, па успеала да го спои неспојливото – носела интересна забавна комбинација на еден сериозен начин.
Таа избрала да носи бел комбинезон за кој модните портали пишуваат дека е инспириран од фламенко фустаните, а станува збор за дело на брендот „The IQ Collection“ кој нема ракави, а во горниот дел е многу удобен.
Неговата цена изнесува 134 евра, а истиот направен е од памук.
Летиција ова модно парче го искомбинирала со црна рачна чанта од „Nina Ricci“, салонки и едноставен црн ремен којшто ја нагласувал нејзината витка фигура.
Тука е и нејзиниот заштитен знак – златниот прстен, а од накит носела и минијатурни златни обетки.