Елизабета Чингаровска ја призна вината за „Талир“ и доби 2 години условна казна

Елизабета Чингаровска ја призна вината за „Талир“ и доби 2 години условна казна. А казната нема да се изврши ако таа во наредните 5 години не стори ново кривично дело.
„Чингаровска беше последнообвинета за случајот и таа не знаела од каде потекнуваат парите кои влегувале во партијата. Од тие причини таа ја призна вината и се спогоди се специјалното јавно обвинителство“ рече нејзиниот адвокат.
Чингаровска беше обвинета во случајот „Талир“ за перење пари. Во Талир првообвинет е Никола Груевски, потоа Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димоски и Леко Ристоски. СЈО во обвинението напиша дека Груевски во периодот од 2009 година до 2015 година обезбедувал пари од лица и од фирми за да ја финансира политичката партија. Во ова му помагале Божиновски и Јанакиески, кои се сега во притвор, вршеле притисок на претставници од фирми кои добивале тендери од државата, да обезбедат пари во кеш за партијата. Не се знае колку точно пари се стекнати на овој начин.
Признанието на Чингаровска која своевремено беше висок функционер на ДПМНЕ и близок човек на Груевски на некој начин ја става во незгодна ситуација останата група на обвинети, односно ги потврди наодите на СЈО…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.