Емиратите уште еднаш ја испишаа историјата на Блискиот Исток: Првата нуклеарна централа оживеа со полн капацитет

Обединетите Арапски Емирати во четвртокот објавија дека се завршени работите за изградба и пуштање во употреба на првата нуклеарна централа на Блискиот Исток, што беше претставено како историски чекор.Имено, нуклеарната централа Бараках лоцирана во Абу Даби ќе произведува 40 терават-часови електрична енергија годишно, а тоа ќе биде овозможено со тоа што и четвртиот реактор е официјално пуштен во употреба.Електраната ќе произведува 25 отсто од потребите за електрична енергија на оваа заливска земја.أحلام الأمس، هي واقع اليوم الذي نفخر به.محطات براكة للطاقة النووية توفر اليوم 25% من كهرباء الدولة على مدار الساعة، ما يعزز أمن الطاقة.#تغير_المناخ #طاقة_نظيفة #طاقة_نووية #محطات_براكة pic.twitter.com/J5lf1h2WC1— Emirates Nuclear (@ENEC_UAE) September 5, 2024„Ќе ги снабдува компаниите, вклучително и Националната нафтена компанија, Емирати Стил и Емирати Глобал алуминиум“, соопшти државната корпорација за нуклеарна енергија (ENEC).Нуклеарната централа Барака (берекет, т.е. благослов) започна со работа во 2020 година кога беше пуштен во употреба првиот од четирите реактори, но само со пуштањето во употреба на четвртиот блок може да се каже дека електраната ќе заживее со полн капацитет. .„Ќе продолжиме да даваме приоритет на енергетската безбедност и одржливост за доброто на нашата нација и нашиот народ во иднина“, рече претседателот на Емиратите, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Пронајдете не на следниве мрежи: