Пејачката Адел (33) минатиот викенд гостуваше кај Опра Винфри (67) со која разговараше за многу скокотливи теми од нејзиниот приватен живот.
Таа во ексклузивен разговор откри детали од приватниот живот, музичката кариера, но зборуваше и за разводот со поранешниот сопруг Сајмон Конецки (47).
Таа развила опсесија да има функционално семејство поради нејзиниот татко алкохоличар Марк Еванс, кој ја оставил кога била мала.
-Ми недостигаше присуството на татко ми. Но, конечно сфатив дека тоа беше алкохолот, тој го зеде татко ми. Имав буквално нула очекувања од другите луѓе затоа што од примерот на татко ми научив дека ги немам. Тој беше причината што не разбрав целосно што значи да се има љубовен однос со некого, изјави таа.
Беше во брак со Сајмон осум години, а се разведоа во 2018 година.
-Се чувствував како да не го почитувам бракот бидејќи толку брзо се разведов. Се срамам затоа што се случи толку брзо. Чувствував дека го разочарав син ми, дека се разочарав себеси, призна пејачката и откри дека се уште го сака.
„Најтешко беше да му објаснам на шестгодишното дете дека го сакам неговиот татко, но дека не сум заљубена во него“.
Таа призна дека токму тој и го спасил животот откако станала голема ѕвезда.
-Бев млад и мислам дека многу лесно можев да се уништам и да тргнам во погрешна насока бидејќи бев оптоварена со славата. За среќа, тој беше најстабилната личност во мојот живот. И сега толку многу му верувам што нему му го доверувам мојот живот, изјавила Адел