Емотивна исповед на кумот на Шабан Шаулиќ: „Одам на психијатар, болките ме потсетуваат на страшната несреќа“

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ почина на 17 февруари претходната година. Шабан го изгуби животот во сообраќајна несреќа кога се враќаше од настап во Германија.
Тогаш почина и музичарот Мирсад Кериќ кој беше во автомобилот со пејачот, додека кумот на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ е единствен кој преживеа.
Стојадиновиќ за ало.рс открива зошто никогаш не бил на горбот на Шабан, како и што му кажала Гордана Шаулиќ кога го посетила во болница.
„Семејството на Шабан ми се јави и ми кажа дека ќе одбележи една година од неговата смрт, но јас не можев да дојдам во Србија. Немав сила да дојдам на неговиот гроб и да му запалам свеќа. Шабан беше мојот најдобар пријател и кум, а освен другарството, не поврзуваше и тоа што му бев личен возач“ вели Слободан.


„Се сеќавам дека Гоца ми кажа нешто што ме израдува и натажи во исто време. Ми кажа: „Се чувствувам како да го видов мојот Шабан“. Ние бевме многу блиски, бевме неразделни. Или бевме заедно на турнеја, или тој беше во Крчедин, а јас го посетував. Повеќе време поминуаше со мене отколку со Гоца“, додава кумот на легендата.
Слободан ни по една година не може да се помири со фактот дека го изгубил пријателот, а освен со семејството Шабан, се слуша и со семејството на Кериќ.
„Ми рекоа дека времето си го прави своето, дека лекува се, како тагата така и физичката болка, но тоа не е точно. Болките ме потсетуваат на страшната несреќа и не можам да заборавам. Два пати неделно одам кај псхијатар, тој ми помага, но не сум изелечен“ вели Стојадиновиќ.
За потсетување, Шабан зад себе ја оствари сопругата Гоца, како и три деца, ќерките Санела и Илида и синот Михајло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.