Раул Ентрериос е еден од играчите кои се враќаат во шпанската ракометна репрезентација, откако поради повреда на раката го пропушти Светското првенство на кое Шпанија го освои златниот медал.Ентрериос кој во оваа генерација шпански ракометари е играч со најмногу натпревари во националниот тим (166), тој ќе биде еден од носителите на играта на Шпанија на квалификацискиот меч со Македонија, кој во среда ќе се одигра во Скопје.„Воопшто не мислам дека Македонија е лесен противник. Точно е дека немаа добар настап на Светското првенство, но тие направија брлијантен резултат во Србија на Европското првенство. Македонија ќе биде тешко да се победи на нејзин терен. Тие имаат одлични навивачи“, изјавил Ентрериос за Marca.Инаку братот на Раул, Алберто Ентрериос од репрезентацијата се повлече по Светското првенство, на 36-годишна возраст.Одговарајќи на новинарско прашање дали е можно да настапи на Олимписките игри во Рио Деженеиро во 2016 година тој рече: „Сега сé е во Божји раце, доколку немам некои посериозни повреди и доколку се чувствувам добро, доколку тренерот ми верува, јас ќе бидам пресреќен и натаму да играм во репрезентацијата“.Македонија и Шпанија првиот од двата квалификациски натпревара за пласман на Европското првенство во Данска ќе го одиграат во среда во Скопје, со почеток во 17,45 часот, реваншот во Гвадалахара ќе се одигра на 7-ми април.
Макфакс Раул Ентрериос е еден од играчите кои се враќаат во шпанската ракометна репрезентација, откако поради повреда на ракат