„Епскиот“ криминал на Панче: Нашле кристали од лустер, објавија дека заплениле дијаманти

Нашле кристали од лустер, објавија дека заплениле дијаманти, тоа е скоро сѐ што треба да знаете за „професионалноста“ на УЈП, Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии кои координирано извршија „акција“ во Струмица пред неколку денови.

Во дел од медиумите веднаш се крена врева дека имало голема акција, апсење и слично, дека се запленети дијаманти, но кратко потоа ретерираа во изјавите откако судот определи само мерки за претпазливост за лицата кои наводно ги „апселе“.

Како што дознава Инфомакс, „дијамантите“ кои министерот ги откри, се обични кристали од лустер, со речиси никаква вредност. И не е проблем што било кој на прв поглед не препознал дали тоа е дијамант или обично кристалче, проблем е што министерот во изјава за медиуми истакнува дека нашол дијаманти, без да размисли дека постои презумпција на невиност. Дури и да се пронајдени дијаманти, не е проблемот во самото постоење на дијамантите, туку доколку се стекнати на незаконски начин.

Во секој случај, министерот, МВР и сите останати институции не смееја да дадат изјава која директно ги обвинува лицата кои се предмет на истрага, додека не се докаже дека истите се виновни.

Инаку, МВР продолжува со тенденциозни „акции“, поткрепени од низа „независни медиуми“, како на пример акцијата каде биле пронајдени „две ќеси“ хероин во автобус на позната струмичка компанија, а ќесите изнесуваат цели 25 грама…

И додека МВР се занимава со ПР и епски акции, секојдневно на улиците низ Македонија и Скопје буквално се живее како на Див Запад. Обиди за убиства, разбоништва и разбојнички кражби се секојдневие, но очигледно ПР-от е поважен од вистинска акција за спречување на криминалот…

Како последна информација е дека вечерва имало разбојничка кражба во обложувалница во Топанско Поле. Во последните 48 часа имаше повеќе од 4 разбојнички кражби, а во последната недела еден обид за убиство, а за време на министерувањето на Панче Тошковски низа на убиства , пукања и обиди за убиство со ладно оружје… Ама ПР-от е поважен…

Пронајдете не на следниве мрежи: