Ердоган доаѓа во дводневна посета на Србија

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе биде домаќин на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Србија.
Пречекот на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на аеродромот „Никола Тесла“ е закажан денеска околу 19 часот, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката.

Според програмата на посетата, утре во 11:00 часот ќе се одржи церемонија на пречек пред Палатата Србија.
Потоа, во 11:20 часот ќе има средба на двајцата претседатели.
Во 12:05 часот ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција, предводена од претседателите Вучиќ и Ердоган.
Церемонијата на потпишување на договорот со присуство на двајцата претседатели ќе се одржи во 13 часот.
Потоа во 13 часот и 10 минути се закажани изјави за медиумите на претседателите на Србија и Турција
Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат на бизнис форумот во 16 часот во хотелот Хајат.

Пронајдете не на следниве мрежи: