Ердоган жестоко: Бајден дал наредба да бидам соборен

Ердоган потсети на изјавата на Бајден објавена од „Њујорк тајмс“ во јануари 2020 година, во која тој вели дека Вашингтон треба да ги охрабри противниците на Ердоган да го поразат на изборите, нагласувајќи дека тој не треба да биде соборен со државен удар, објави Ројтерс. Едно време, Анкара остро ги осуди овие зборови како интервенционистички.

„Бајден дал наредба да се собори Ердоган. Јас го знам тоа. Сите мои луѓе го знаат тоа. Ако е така, тогаш резултатите од изборите ќе го дадат одговорот на Бајден“, рече Ердоган на митингот.

Тој го критикуваше својот противкандидат на овие избори Кемал Киличдароглу за неговите изјави за Русија, наведувајќи дека Москва е важен партнер на Турција.

„Русија е еден од нашите најважни сојузници кога се во прашање земјоделските производи“, рече турскиот претседател.

– Останува да видиме какви ќе бидат денешните резултатите од гласањето во Турција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.