Реџеп Таип Ердоган во говорот пред Генералното собрание на ОН ги повика Обединетите нации да воведат присилни мерки против Израел, вклучително и самата употреба на сила.Турскиот претседател реагираше на нападите на Израел врз Либан и цели на Хезболах кои почнаа вчера и направи некои споредби со Втората светска војна.„Како што на Хитлер му беше забрането да влезе во сојузот на човештвото, така и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата мрежа на убиства мора да бидат забранети од сојузот на човештвото“, рече турскиот лидер.
Тој ги обвини САД дека продолжуваат да го вооружуваат Израел за да можат да продолжат со масакрите, додека јавно тврдеа дека повикуваат на прекин на огнот.„Земјите кои го поддржуваат Израел се отворено соучесници во овој масакр“, им рекол 70-годишниот старец на САД и на западните сојузници.Инаку, Израел ја започна новата фаза од војната, сега во Либан, по онаа со Хамас во Газа.
Пронајдете не на следниве мрежи: