Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати нови закани кон Грција, овојпат обвинувајќи ја земјата дека ја поддржува меѓународната кампања насочена против неговата земја.
„Испративме јасна порака до сите загрижени за случувањата во Егејското Море“, им рече Ердоган пред пратениците на неговата АК Партија во пресрет на воената вежба EFES-2022 во близина на пристанишниот град Измир во Егејското Море.
„Видовме дека играта се игра на сметка на нашата земја. Тие и дозволуваат на Грција да се однесува како разгалено дете како што тоа го правеа во минатото“, рече тој.
„Проблемот е во тоа што Грција не е свесна за оваа игра, или доброволно усвои споредна улога“, рече тој, додавајќи дека земјата ќе плати висока цена за „да ја направи истата грешка“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.