Ердоган ќе присуствува на свеченоста по повод реконструкцијата на Алипашината џамија во Охрид

Турската амбасадорка Тулин Еркал Кара вчера за време на посетата на Алипашината џамија во Охрид најави дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ќе допатува на свеченоста по повод промовирањето на реконструираниот објект. Таа истакна дека се работи на усогласување на терминот со македонските власти за присуство на свеченото отворање на обновената џамија.
– На претседателот Ердоган му беше сон реставрирањето на објектот. Република Туриција и Република Северна Македонија се братски држави. Турција преку агенцијата Тика и вакавското здружение има реновирано повеќе обејкти во Северна Македонија. Нашето пријателство е засекогаш и долгорочно, рече меѓу другото амбасадорот Кара.
Таа уште нагласи дека не гледа ништо спорно во реконтрукцијата, односно дека било испочитувано се што било договорено помеѓу двете држави во врска со реконструкцијата на верскиот објект.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.