Ерупција на вулкан во најнаселениот остров во Индонезија: Стотици луѓе се евакуирани, највисоко ниво на предупредување (ВИДЕО)

Највисокиот индонезиски вулкан на најнаселениот остров во Индонезија еруптираше денес рано, исфрлајќи облак од пепел 1,5 километри во воздухот, што предизвика евакуација на стотици жители од областа.

Лава течеше по падините на Семеру, движејќи се кон блиската река, додека неколку села беа покриени со пепелта што паѓаше а го покри и сонцето.

Засега нема извештаи за жртви.

Неколку стотици луѓе се преместени во привремени засолништа или други безбедни области, рече Јоко Самбанг, кој ја предводи агенцијата за управување со катастрофи во Лумајанг, провинцијата Источна Јава.

На луѓето им е препорачано да останат на 5 километри од устието на кратерот и да ја избегнуваат областа на југоисточниот сектор по должината на реката Бесук Кобокан, која е на околу 13 километри од кратерот.

Властите објавија највисоко ниво на тревога како одговор на ерупцијата, објавија локалните медиуми.

Јапонската метеоролошка агенција ја следи можноста од цунами по ерупцијата, објави државната телевизија NHK.

Последната голема ерупција на Семеру беше во декември минатата година, кога 51 лице загина во селата кои беа затрупани во кал. Неколку стотици беа повредени со сериозни изгореници, а ерупцијата принуди евакуација на повеќе од 10.000 селани. Владата пресели околу 2.970 семејства од опасната зона.

Со 142 вулкани, Индонезија има најголемо население во светот кое живее во близина на вулкани, вклучувајќи 8,6 милиони луѓе кои живеат во радиус од 10 километри.


Пронајдете не на следниве мрежи: