ЕСМ: Во тек еднодневни сервисно-ремонтни активности на Блок 1 на РЕК „Битола“

Во РЕК „Битола“ утрово започнаа сервисно-ремонтни активности на Блокот 1, со цел подобрување на неговата стабилност и доверливост во работата. Застојот во производството од овој блок е предвидено да трае во наредните 24 часа, соопшти АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ).

Во меѓувреме, во функција останува Блокот 2 на комбинатот.

Од АД ЕСМ најавуваат дека постројката ќе биде со целосен капацитет на мрежа во текот на утрешниот ден.

– Снабдувањето со електрична енергија од останатите капацитети на АД ЕСМ продолжува непречено и компанијата не увезува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, наведува ЕСМ во соопштение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.