Етиопија за прв пат доби жена претседател

Откако пратениците едногласно ја избраа Сале Ворк Зевде за претседателка, Етиопија од денес за прв пат имаат жена за шеф на државата.
“Во патријархално општество, како нашето, именување на жена за шеф на држава не е само утврдување на стандардите на иднината, туку нормализација на улогата на жената како носител на одлуки во јавниот живот”, напиша на Твитер шефот на кабинет на премиерот Аби Ахмед.
Зевде го оцени неодамнешниот трансфер на моќта на реформистичкиот премиер „за пример“ и рече дека ќе се фокусира на поврзување на сите страни за постигнување мир во земјата, во која во последниве месеци владеат мултиетнички конфликти . Етиописките пратеници минатата недела ја одобрија новата Влада со рекордни 50 проценти женски министерки, меѓу кои и прва жена министер за одбрана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.