ЕУ одобри пакет помош за германската енергетска компанија Унипер

Европската комисија објави дека мерката на Германија за реорганизација на капиталната структура на Унипер била одобрена по енергетската криза предизвикана од војната меѓу Русија и Украина.
ЕУ одобри пакет помош за германската енергетска компанија Унипер

Европската комисија одобри Германија да обезбеди 34,5 милијарди евра капитал на „Унипер“, чија финансиска структура се влоши за време на енергетската криза, јавува Anadolu Agency (AA).

Европската комисија објави дека мерката на Германија за реорганизација на капиталната структура на Унипер била одобрена по енергетската криза предизвикана од војната меѓу Русија и Украина.

Во соопштението се наведува дека докапитализацијата на компанијата во износ од 34,5 милијарди евра пријавени од Германија се смета за неопходна и соодветна според правилата на ЕУ за државна помош.

Се додава дека оваа мерка ќе му овозможи на Унипер да продолжи да дава услуги за своите клиенти и да помогне да се спречат сериозни нарушувања на пазарот на природен гас во Германија.

Унипер, чија финансиска структура значително се влоши за време на енергетската криза, најави загуба од околу 40 милијарди евра во периодот јануари – септември.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.