Европската комисија утре ќе предложи почеток на преговорите со Украина и Молдавија „откако ќе ги исполнат поставените услови“, а можно е и со Босна и Херцеговина, која е единствената земја од Западниот Балкан покрај Косово, која се уште го нема започнато преговарачкиот процес со Унијата.
Според дипломатски извори, препораките за Украина и Молдавија би значеле дека тие би можеле да ги почнат преговорите за членство уште во текот на следната година.
- Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата ,,Свети Јован Крстител” во Аеродром, изградена од неговото семејство
- Ѓаволот добива милионски тендери. Полицијата го бара бизнисот си „врве“
- За една година цените на угостителските услуги се зголемиле за 5 отсто
- Качен на хауба игра за видео на „Тикток“, не запира дивеењето по улиците
- Изгледа не е до времето: Катастрофални 26 проценти реализација на капитални инвестиции
- Патувате во Европа? Ова се три работи што никогаш не треба да ги носите во рачниот багаж
- Кафеаните за една година поскапеле пет отсто, пресметала државната статистика
- Сидни Свини е исмејувана поради нејзиниот фустан на филмска премиера: „Зошто стилистот ја мрази?“
- Се огласи Трамп откако се дозна дека Сидни Свини е републиканка: Ја обожавам нејзината реклама
Што се однесува до БиХ засега има резерви кај дел од членовите на ЕК, но и кај некои европски дипломати, кои сметаат дека земјата бележи назадување во однос на владеењето на правото.
Европски дипломат во изјава за „Политико“ посочи дека на БиХ и беше доделен кандидатски статус под претпоставка дека тоа ќе ги поттикне реформите, но оттогаш има само влошување на состојбите со владеењето на правото и на севкупната политичката ситуација во земјата.
„Како можеме сега да решиме да ги започнеме преговорите со нив, а да очекуваме од другите земји кандидати ревносно да ги спроведуваат своите реформи“, посочи неименуваниот дипломат.
Европската комисија утре треба да ги усвои пакетот за проширување и да ги објави извештаите за напредокот на секоја од кандидатите за членство во ЕУ за 2023 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: