ЕУ ја прошири истрагата за местење на каматите и на швајцарскиот франк

Европската комисија ја прошири истрагата за можно местење на клучните каматни стапки како што е еуриборот и либорот и на каматата за производи пресметани во швајцарски франк.

Еврокомесарот за конкурентност Хоакин Алмуниа истакна дека истрагата ќе биде фокусирана на низа случаи за можна манипулација.„Се сомневаме во недозволено договарање на одделни актери на пазарот на финансиски деривати, како што се банките, но и брокерите“, рече Алмуниа.Благодарение на таквите договори, со кои е нарушено равноправното пазарно натпреварување преку манипулација со каматните стапки, актерите можеле на нечесен начин да остварат дополнителна заработувачка на своите трансакции“, додаде Алмуниа.Американските власти неодамна и одредија парична казна на британската банка Royal Bank of Scotland поради учество во договарање на лондонската меѓубанкараска камата либор.Додека САД за секоја банка одделно покренуваат постапка, европските регулатори настојуваат со единствена постапка да ги опфатат сите осомничени во картелот, нагласи Алмуниа.
Макфакс
Европската комисија ја прошири истрагата за можно местење на клучните каматни стапки како што

Пронајдете не на следниве мрежи: