ЕУ ќе се спасува, Балканот и Македонија нека му ја мислат

 

Уште пред локалните избори опозициската ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека можност и идеја за изградба на мигрантски кампови на територија на Македонија постои, за сега стравувањето на граѓаните, оправдано, е уште уште поголемо ако се има  предвид сервилноста на владата на СДСМ.
Огромен број од граѓаните се против изградбата на вакви кампови на територија на Македонија и во повеќе наврати во неколку градови собираа потписи за да се спречи нивната изградба.
Целта на камповите кои би се изградиле на Балканот и во Македонија би била спречување на бегалците и мигрантите да влегуваат на територијата на Европската Унија. Ваквиот предлог според францускиот весник ,,Монд’’ потекнува од Данска и Австрија.
Наместо да ја спречи нивната изградба актуелната Влада минатата година донесе и стратегија за интеграција на бегалци и странци во Македонија, за период од 2017 до 2027 година.
Донесениот документ не само што предвидуваше населување на мигранти, туку вклучуваше и давање државјанства, бесплатно здравство и школство, вработувања, како и обезбедно домување од држвата.Како што информира францускиот медиум на самитот кој пред неколку седмици се одржа во Софија, соседна Бугарија и на кој присуствуваше и нашиот премиер Зоран Заев лидерите на ЕУ разговарале за отворање на бегалски кампови на Балканот. Оваа и сличните теми останаа речиси не забележани, затоа што во фокусот на македонските медиуми беше прашањето за името. А, ова и онака не е прв обид да се протурка идејата за изградба на мигрантски кампови надвор од земјите членки на ЕУ, само е потребно да се најдат вистинскиот момент и место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.