Сакате промена во својот сексуален живот? Доколку одговорот е “да”, тогаш во предиграта вметнете го консумирањето на овие намирници со вашиот партнер.
Многу витамини кои ги содржат овошјата делуваат на либидото и го подобруваат сексот. Секако дека многу фактори влијаат на нашиот сексуален живот, но доколку сакате дополнителна “помош”, овие овошја имаат афродизијачки ефект:
Јагоди
Јагодите делуваат на страста во креветот. Причината за тоа се големите количини на витамин Ц и цинк кои го зајакнуваат либидото.
Цитрусни плодови
Консумацијата на портокали, лимони или грејпфрут првенствено им се препорачува на мажите бидејќи се богати со витамин Ц и го подобруваат квалитетот на спермата.
Смокви
Ова овошје е едно од најпознатите афродизијаци. Смоквите содржат супстанци кои се добри за срцето, заситуваат, а не предизвикуваат надуеност. Освен тоа, содржат и голем број витализирачки состојки како што е фосфорот.
Калинка
Калинката било омилено овошје на божицата на љубовта, Афродита и овој плод се смета за симбол на страста и плодноста. Калинката содржи естрон кој позитивно делува на либидото.
Банани
Супстанците кои ги содржи бананата делуваат позитивно на сексуалните хормони кај мажите. Освен тоа, бананите содржат магнезиум кој ја стимулира простатата.