Кошаркарите на Анадолу Ефес ја совладаа Басконија со 97:76 на гости во 32. коло од Евролигата, со што се пласираа до десеттото место, последно кое води во плеј-офот. Со оваа победа Ефес остана во „плеј-ин“ играта во која влегуваат екипи од седмото до десеттото место. Тоа беше четврта победа на турскиот тим на последните пет средби, но само прва на гости по 7. декември.
Последното славје на гости им беше против Алба, а потоа загубија осум последователни гостувања.
Ефес по првата четвртина веќе имаше десет поени предност (32:22), домаќинот ја намали негативата во вториот дел, но клучна се покажа третата четвртина која турскиот тим ја доби со 28:8. Последната делница беше само да се одработи завршницата.
Шејн Ларкин ги предводеше гостите до 15-та победа сезонава со 28 поени и Вил Клибурн со 20 поени, додека на спротивната страна најефикасни беа Маркус Хауард со 15 и Коди Милер-Мацинтајр со 13 поени.
Барселона на гости го совлада Баерн Минхен со 87:79. Барса одлично ја започна пресметката со баварскиот клуб и на полувремето водеше со 47-30. Во продолжение Баерн се доближи на шест бода, но не ја загрози 21-та победа на шпанскиот тим. Гостите до победата ги предводеа Џабари Паркер со 15, Николас Лапровитола со 14 и Јан Весели со 12 поени. Кај поразените најефикасни беа Ник Вајлер-Баб и Серж Ибака со по 17 поени.
Успешен беше и Монако кој го доби француското дерби на гостувањето кај Асвел со 87:77. Монако го скрши отпорот на домаќинот дури во последната четвртина, добивајќи го тој дел од играта со 31:16. Тимот од Кнежевството го предводеа Ели Окобо со 16 поени и Алфа Диало со 15 поени. Најдобар стрелец кај домаќините беше Тимот Луваву-Кабаро со 23 поени.
Олимпијакос во Белград го совлада Партизан со 74:69, иако „црно-белите“ во последната четвртина влегоа со двоцифена предност. Грците ги предводеше Најџел Вилијамс-Гос со 17 поени, додека кај домаќините се истакна Кевин Пантер со 19 поени.
Жалгирис во Каунас го победи ЕА7 Емпорио Армани Милан со 87:73, па сега двата тима имаат по 14 победи и 18 порази. Кинан Еванс со 20 поени и Едмонд Самнер со 17 поени го предводеа домашниот тим, а Никола Миротиќ со 19 поени и Шабаз Напиер со 17 поени беа најефикасни кај Милан.
РЕЗУЛТАТИ:
Жалгирис Каунас – Армани Милано 87:73
Басконија – Анадолу Ефес 76:97
Баерн Минхен – Барселона 79:87
Партизан – Олимпијакос 69:74
Асвел Вилурбан – Монако 77:87
Во среда:
Макаби Тел Авив – Валенсија 95:80
Во петок:
Фенербахче – Алба Берлин
Реал Мадрид – Црвена ѕвезда
Виртус Болоња – Панатинаикос
ТАБЕЛА:
1. Реал Мадрид 31 25 6 2668-2430
2. Барселона 32 21 11 2648-2527
3. Монако 32 21 11 2612-2520
4. Олимпијакос 32 20 12 2485-2371
5. Панатинаикос 31 20 11 2505-2351
6. Макаби Тел Авив 32 19 13 2788-2761
7. Фенербахче 31 19 12 2591-2489
8. Виртус Болоња 31 17 14 2483-2538
9. Басконија Виторија 32 16 16 2657-2683
10. Анадолу Ефес 32 15 17 2689-2720
11. Армани Милано 32 14 18 2469-2464
12. Партизан 32 14 18 2609-2653
13. Жалгирис Каунас 32 14 18 2566-2559
14. Валенсија 32 14 18 2443-2497
15. Баерн Минхен 32 13 19 2444-2553
16. Црвена ѕвезда 31 11 20 2529-2526
17. Асвел Вилурбан 32 7 25 2472-2718
18. Алба Берлин 31 5 26 2365-2663