Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, има намера да ја напушти функцијата по истекот на нејзиниот мандат, јавува Reuters.
Британскaта политичарка Кетрин Маргарет Ештон, или баронесата Ештон од Апхоланд, ја презеде функцијата шефица на Европската унија кога таа беше првпат создадена во 2009 година. Нејзиниот петгодишен мандат истекува на 31-ви октомври 2014 година.
„Таа (фукцијата) треба да биде предадена на друг”, рекла Ештон во саботата навечер на меѓународниот форум во Брисел, во организација на Маршаловиот фонд.
Таа објаснила дека не гледа можност да остане на функцијата шефица на допломатијата на Европската унија уште еден мандат.
Макфакс
Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, има намера да ја напушти