Жаклина Беридо, најубавата српска баба на Инстаграм, изгледа многу помладо и иако е во 50 години, нејзиниот изглед привлекува големо внимание.
Родена е во Белград, најголемиот дел од својот живот го поминала во Италија, а за неа пишувале и странските медиуми како британскиот „Дејли меил“. Освен ќерката, која ѝ подарила внуки, Жаклина имала и син кој на 23 годишна возраст загинал во сообраќајна несреќа во Белград. Во разговор за италијанските медиуми открила како им се посветила на внуците и дека семејството е нејзината смисла за живот. На прашањето дали ѝ пречи што ја нарекуваат баба, истакнала дека се гордее со тоа и секогаш го нагласувала во своите објави.
„Јас сум мајка на Јана и го загубив второто дете, син ми Стефан, кој загина на 23 години во сообраќајна несреќа. Тој беше прегазен од автомобил на пешачки премин во Белград во 2016 година. Беше многу болно, тешко, непремостливо. Сега им се посветив на моите внуки, чии слики ги тргнав од социјалните мрежи, останаа само некои на кои не им се гледаат лицата“, изјавила Жаклина, цитирана од „Zadovoljna“.
Истакнала дека семејството е нејзиниот живот и дека она е „баба за сè“. Ги учела внуките да пливаат, да возат велосипед и секогаш ги советувала ако нешто тргне наопаку, да ја побараат неа. Жаклина никогаш не работела како модел, иако од нејзиниот Инстаграм би рекле дека е многу искусна во манекенството. „Никогаш не сум била модел, ниту се чувствувам како модна блогерка. Работам како консултант на одредени меѓународни проекти кои имаат врска со инфраструктурата и туризмот“, кажала таа. Модата ѝ е забавна и ѝ помогнала да избега од секојдневието.
„Во модата треба да бидеш слободоумен, не смееш да да функционираш „шаблонски“, исто како во животот. Денес медиумите велат дека после 30 е готово, завршивте. Еве, јас му пркосам на тој стереотип и го докажувам тоа со моите комбинации“, продолжува Жаклина. Тајната на својот младолик изглед одлучила да ја сподели со сите жени: „Јадам многу овошје и пијам многу вода. Јадам по едно авокадо на ден, не пушам и не пијам. Јадам риба, морска храна, месо и зеленчук. Вежбам најмалку 45 минути дневно од мојата 10 година. Потребно е редовно вежбање и здрава исхрана. А се грижам и за душата“, открива Жаклина.
Оваа убава Србинка за своите години изјавила: „Никогаш не се вклопувам во стереотипите за „убава жена“ и среќна сум поради тоа. Затоа што во секој период од животот сме убави на различен начин. На крајот од денот, човечкото тело е само дом на душата“, заклучила таа.