Железничка станица во Барселона во паника

Две железнички линии на главната железничка станица “Сантс“ во Барселона утрово затвори каталонската полиција, откако во скениран куфер било откриено можно експлозивно средство.
– Добивме дојава околу 8 часот. Безбедносната служба(на железничката компанија) “Адифа“ забележала предмет на скенерот во облик на можно експлозивно средство во куфер. Продолжуваме со проверката, објави полицијата на Твитер.
На станицата се испратени пиротехничари, а два воза се евакуирани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.