Случаен минувач сними жена како се тушира на бензиска пумпа во Каштела, во Далмација. Жената се истушира на местото означење за пумпање гуми, каде била поставена табла за воздух и вода.
Многумина коментираа бранејќи ја дека барем се снашла и важно е што нашла туш.
„Нема нешто што бензинските пумпи не го нудат. Хигиената е половина здравје. Добро е што не зела црево од супер 95. Туширање 3 евра“, се само некои од коментарите.