Овие дами со својот пример ќе ви помогнат да ги усовршите своите техники на шармирање.
Тие, освен со убавината и харизмата, освојуваат и со своето беспрекорно однесување, добрината и интелигенцијата. Иако некои од нив се многу таинствени и повлечени, жените родени во овие четири хороскопски знаци можат да го освојат баш секој маж.
Вага
Вагите се лица кои себеси се сметаат за многу драгоцени, а така се однесуваат и кон другите. Секогаш се во центарот на вниманието, убаво се облекуваат, и зрачат со позитивна енергија. Иако се многу внимателни кон себе, истовремено и самокритичноста им помага постојано да се усовршуваат за да ги задоволат и највисоките стандарди. Жените родени во знакот Вага најмногу ги привлекуваат уметници, а најмалку се заинтересирани за правници и математичари.
Девица
Жените Девици во главно се достоинствени и емотивни. Своите емоции не ги откриваат лесно, но пред луѓето на кои можат да им веруваат сосема се опуштаат. Секогаш внимаваат на однесувањето, а разни уметности им се голема љубов. Девиците лесно откриваат што ги интересира кај одреден маж и затоа многу лесно го освојуваат во најкраток може рок.
Јарец
Жените Јарец во очите на мажите изгледаат совршено затоа што имаат нанадминлива способност да ги прекријат сите свои неправилности. Тие се најсилни жени меѓу сите знаци и речиси никогаш не ги покажуваат своите слабости, бидејќи не сакаат да испаднат губитници во туѓите очи. Жените родени во овој знак ги привлекуваат мажите кои ги посакуваат, а нивната висока интелигенција и трпеливост им овозможуваат лесно да манипулираат со кого сакаат. Ако ги повредите или изневерите, ќе ве остават за миг.
Риби
Силата на Рибите е во нивната слабост. Иако звучи контрадикторно, нивната кревкост и нежност ги привлекува мажите, кои сакаат да ги заштитат и да ги сакаат. Многу се шармантни и неодоливи, а нивната беспомошност ги привлекува мажите како најголем магнет. Жената Риба очекува мажот кон неа да се однесува како кавалер, бидејќи во спротивно ќе продолжи со потрагата.