Жените сакаат страстен секс и мажи без влакна

Добар секс или одличен бакнеж? Маж со згодно тело или убаво лице? Тешка одлука но жените го дале својот глас во едно истражување, па проверете што избрале.

– Кога станува збор за самата изведба, жените го сакаат тоа жешко и страсно. На прашањето дали повеќе би сакале да имаат половина година просечен секс или една ноќ незаборавен секс, дури 70% се одлучиле за страсна ноќ.

– А што се однесува до изгледот, на жените им е многу поважно лицето отколку телото. Повеќето би избрале маж со пивски стомак но привлечно лице отколку совршено тело и не толку пријатен лик.

– Внимание треба да обрнат и мажите со влакнести гради и грб. Жените, баш како и повеќето мажи, сакаат мазни тела. Дури 75% од испитаничките повеќе би сакале да бидат со маж без ниедно влакно на телото отколку со изразито влакнест. Исто така, доколку би можеле да бираат, жените попрво би се одлучиле за маж со влакнест задник отколку грб.

– Освен убавото лице и мазно тело, жените ги пали и моќта. Имено, истражувањето открива дека дури 50% од жените би имале секс со својот претпоставен.

– Сепак, кога се во прашање новите технологии, жените попрво би се откажале од сексот отколку од интернетот. Така дури 46% попрво на две недели би апстинирале од секс отколку од интернет.

Повеќе текстови на оваа и слични теми

прочитајте на ПУЛС24 тука!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.