Францускиот голман Винсен Жерар со 15 интервенции и 45 отстотна успечност (15/33) и три одбранети седмерци од четири обиди ги откажа вечерва Црногорците на стартот на главната групна фаза на ракометното СП, па Франција славеше убедливо за да остане максимална и по четири одиграмни мечеви.
Црна Гора имаше сила да се држи со Франција едно полувреме во кое „триколорите“ неколкупати имаа и плус пет, но на пауза се замина само со три гола предност за фаворитот, ама во вториот дел и првите десет минути сѐ заврши, зашто серијата 7-3 ја однесе Франција на огромни седум предност (23-16) и потоа само разликата растеше до двоцифрена предност и најголеми плус 12 на нешто повеќе од минута до крајот (35-23).
Ричардсон со десет гола беше убедливо најефикасен, а дури 11 ракометари барем еднаш се запишаа како стрелци. Божовиќ со шест гола беше најефикасен кај Црна Гора.