Жешки сцени од луксузна јахта! Наоми Кембел се соблече, а еве кој и правеше друштво

Манекенката Наоми Кембел (54) го поминува својот одмор со пријателите на јахта која моментално е закотвена во Шпанија, на островот Ибица.Наоми е фотографирана на голема и луксузна јахта додека крстарела по Медитеранот. Моментално е во Шпанија, а славниот манекен го поминува времето со актерката Мишел Родригез, мексиканската актерка Аце Гонзалес, туниско-италијанската манекенка и актерка Афеф Јнифен.Славната манекенка носеше бикини со кафеаво-бело дезен што го истакна нејзиното извајано тело.Горниот дел немаше прерамки и беше врзан само одзади, а долниот беше сосема едноставен. Со неа Наоми носеше сламена капа и очила за сонце.Пријателите на Наоми носеа и оскудни бикини, покажувајќи ги своите згодни фигури и исончаната кожа. На сликите сите изгледаат опуштено и се чини дека одлично се забавуваат.На јахтата беше и новото момче на Наоми, саудискиот филмски продуцент и мултимилионер Мохамед Ал Турк.  

Пронајдете не на следниве мрежи: