Од далечината се слушнал истиот крик. Ааааааај.
Синот толку бил сосредоточен на тоа што го слушнал, така што заборавил на болката која ја чувствувал. Почнал да прашува кој е таму. Го добил истиот одговор.
„Коој е тамуууу?”
Станал бесен и викнал „Кукавиицоо”, но за возврат го слушнал повторно истиот збор.
„Кукавиицоо”!!!
Гледајќи во таткото, прашал што се случува.
Таткото, пробувајќи да објасни, почнал да вика:
„Ти сиии прекрасееен”.
Од далечината се слушнал истиот глас. „Ти сиии прекрасееен”.
Таткото повторно викнал:
„Тииии благодараааам”. Повторно се слушнал истиот глас.
Потоа, таткото рекол: Сине, луѓето ова го нарекуваат ехо. Но, тоа всушност е животот.
Животот ти го враќа тоа што му го даваш. Тој е огледало на твоите зборови и на твоите дела. Ако сакаш повеќе љубов, давај љубов. Ако сакаш добри работи, прави добри работи. Сакаш разбирање и почит, давај го истото. Разбирај ги другите и почитувај ги.
Ова правило се однесува на сите аспекти од живеењето. Животот ни го враќа тоа што го даваме. Тој не е случајност, туку огледало на нашите дела.