ЖИВОТ ПОЛН СО ТРАГЕДИИ: Првата сопруга и ќерката му загинале пред Божиќ, синот му умрел од тумор на мозокот! Кој е Џо Бајден?

Сопругата на Џо Бајден, Неила и едногодишната ќерка Наоми, загинале во 1972-та година, неколку денови пред Божиќ, а неговиот син Бо починал од тумор на мозокот во 2015-та година. Правникот Џо Бајден (77) како кандидат за американски претседател се истакнува со своите години и трагедиите кои што му го одбележале животот. Џо во вторникот го посетил гробот на својот син во Јужна Каролина. Тој починал во 2015-та година на 47-годишна возраст од тумор на мозокот. Но, не е тоа единствениот член од неговото семејство чиј гроб го посетил Џо непосредно пред изборниот ден. Кандидатот на американски претседател во 1966-та година заршил правен факултет, а набрзо откако ја земал дипломата ја запросил својата долгогодишна девојка Неила Хантер. Се венчале истата година и го прошириле своето семејство со два сина, Бо и Хантер, а потоа и ќерката Наоми.

Сопругата му била најголема поддршка на Џо додека ја градел политичката кариера и имале идиличен брак и семеен живот. Но во 1972-та година во време на празниците доживеале голема трагедија. Само една седмица пред Божиќ, Неила тргнала на купување со своите син и ќерка, а додека биле во автомобилот во нив удрил камион. Сопругата и ќерката на Бајден починале на местото на несреќата, додека пак неговиот син бил тешко повреден.Неила и Наоми се погребани на гробиштата во Гринвил, каде што Џо подоцна го погребал и својот син.

Претседателскиот кандидат немал многу време за тагување по луѓето кои што ги изгубил, затоа што морал да се посвети на своите синови, а три години по трагедијата тој повторно нашол верба и љубов. Ја запознал сопругата Џил, со која што е во брак од 1977-та година. Таа му помогнала во растењето на неговите синови, а во 1981-та година ја добиле ќерката Ешли која што е социјален работник. Синот Хантер (50) тргнал по стапките на својот татко, па завршил право и работи како адвокат. Неговиот покоен син исто така завршил право.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.