Жирафата Флопи угинал како резултат на Малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови

Само што ги добивме официјалните резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на нашиот Флопи, како што ветивме, веднаш транспарентно и одговорно ги споделуваме со целата јавност.

Уживајте во сонцето, од вторник повторно дожд
Следните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и среда се очекува преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, на места поројни со услови за појава на …
Еве што ќе биде поевтино: Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври
Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до …

27.11. 2023 година беше за нас трагичен ден, прво со веста за починувањето на нашиот сакан колега Ристе, а неколку часа подоцна за жал не напушти и жирафата Флопи, и покрај сите напори, грижа и максимална ангажираност на сите вработени во ЗОО Скопје кои деноноќно се грижеа за неа.

Врз основа на патохистолошки наод, и микробиолошкиот и молекуларен наод од Факултетот за ветеринарна медицина добивме заклучок во кој се констатира дека Флопи угинал како резултат на Малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови.

Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивен карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза.

Се уште сме тажни поради оваа голема загуба, бидејќи во ЗОО Скопје вработените и животните, сите заедно, сме едно големо семејство. Флопи ќе го паметиме по неговата грациозност, специфичните шари на телото, неговата голема љубов кон зоонегувателите импосетителите, како и по мирниот карактер. Еден дел од нашите срца засекогаш ќе остане празен после неговото заминување.

Со почит
Зоолошка градина Скопје

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.