Медиумите на албански јазик пренесуваат вест во која, Фуат Халими, жител на Арачиново преку отворено писмо му се обраќа на Оливер Спасовски, има и неколки барања. Ви го пренесуваме интегрално:
Господине Оливер Спасовски во медиумите многу зборувате дека сте праведен и дека сакате правда, дека сте против криминалот и криминалците, и дека секојдневно работите на спречување на криминалот за да им овозможите безбедност на граѓаните, велат дека граѓаните се чувствуваат безбедно и вадите некоја анкета дека наводно, 80% од граѓаните се чувствуваат сигурни во Република Македонија, тоа не е ни малку точно, можеби тоа за вас важи како Министер затоа што имате некој телохранител покрај себе, и опкружен сте со полициско обезбедување, и не ја гледнете ситуацијата на другите места, туку само добивате информации од “вашите политички војници” и тие ја прикажуваат ситуацијата од нивните населби.
Арачиновци се чувствуваат вознемирени и тоа многу, ние немаме ниту малку безбедност и полицијата не презема мерки за тоа како треба да биде еден официјален полицаец, но, за жал, и полицајците се контролирани од истите политички војници кои ги имате вие, Оливер Спасовски, од вас како Министер за внатрешни работи бараме Итно објаснување:
Поради кои причини го отстранивте од позицијата Командир Иса Реџепи, лицето кое го сакаа сите жители на Арачиново и на кое сите жители му се израдуваа на фактот дека конечно на крај дојде многу добар и од сите посакуван раководител кој за две недели на работа промени многу работи кои беа забележани во јавноста:
1. Го регулираше сообраќајот со тоа што ја намали брзината на движење на возилата низ улиците во Арачиново
2. Во нашите училишта, каде што нашите деца таму за прв пат гледаат разно разни продавачи, дилери на наркотични средства, каде што имаме случај на дете од VII одделение кое беше инфицирано со наркотично средство, од лекарите беше констатирано дека станиваше збор за “Хашиш“.
За овој случај сте информирани и вие, Оливер Спасовски, дека нашите деца се инфицирани од истите оние лица со кои вие се сликате, а полицајците ги поддржуваат истите тие лица.
Ве молиме како жители на Арачиново да ни дадете одговор зошто и од кои причини го отстранивте од позицијата командир на полициската станица Арачиново, Иса Реџепи, која беше вистинската личност за управување со Полициската станица Арачиново или можеби сакате да имате еден човек кој може да го управувате на далечинскиот управувач, или ако имате било какви други причини дека Иса Реџепи не ги исполнува условите? Тој е вистинскиот, г-дине Оливер Спасовски, арачиновци го бараат Иса Реџепи и не сакаат некакви си командири кои ги имате за политички војници со “виша школа” затоа што ќе се соочите со целиот народ од Арачиново.
Бараме итни одговори од вас Оливер Спасовски, инаку учениците кои ќе ја преземат иницијативата и ќе се соочите со протести со барање оставка на Министерот.
Овој текст е напишан во консултација со сите сограѓани на Арачиново и нивната целосна волја. Ви благодариме “